Дени де Вито добитник на наградата за животно дело

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наградата за животно дело на меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, а наградата му беше доделена на гала церемонија.

Американскиот комечар, 73-годишниот Де Вито, на најпрестижниот шпански фестивал го претстави анимираниот детски филм „Smallfoot”

Де Вито е добитник на наградите „Еми” и „Златен глобус” за улогата во популарната телевизиска серија „Такси” од 1970-тите и 1980-тите, а исто така е познат по неговите улоги во комедиите „Фрли ја мама од возот” и „Близнаци”.

Тој исто така беше номиниран за Оскар како продуцент на филмот „Ерин Брокович“ од 2000 година.

Де Вито моментално игра во ТВ серијата „Секогаш е сончево во Филаделфија”.

Scroll to Top