Дениз Ричардс итно оперирана

Глумицата Дениз Ричардс е во болница каде е итно оперирана, пренесуваат светските медиуми. По деталните прегледи ѝ биле откриени четири хернии, познати како кила или брух кои брзо морале да бидат отстранети.

„Пред неколку месеци ги игнорирав симптомите кои стануваа сè посилни. Морав итно на операција. Тоа беше добра лекција за мене. Научив дека морам да го слушам телото. Јас сум мајка и сопруга која гради кариера и понекогаш е полесно да се одглуми дека сте силна личност. Едноставно сметав дека болката ќе исчезне“, вели Ричардс.

Глумицата вели дека жали што ѝ требало време за да ја донесе конечната одлука и да посети специјалист.

„Предолго трпев, дури ни на сопругот не му велев колку лошо се чувствувам. Тоа беше многу глупаво од моја стрна. Вистината е дека секогаш мораме да го слушаме и да внимаваме на нашето тело“, изјавила Ричардс.

 

 

Scroll to Top