Дениз Ричардс: Ја поддржувам ќерка ми за „Онли Фанс“, но не си ги гледаме објавите

Дениз Ричардс не се чувствува непријатно поради нејзината одлука да се приклучи на платформата „Онли Фанс“, но има едно јасно правило: не ја гледа содржината објавена од нејзината ќерка.

Поранешната ѕвезда на The Real Housewives од Беверли Хилс, која ги има ќерките Сами (20) и Лола (19) со поранешниот сопруг Чарли Шин, а ја одгледува ќерката Елоиз (13) со сопругот Арон Фајперс, се приклучи на платформата за возрасни веднаш откако и нејзината најстара ќерка се приклучи.

Но и двете се согласуваат во едно – не си ги проверуваат објавите.

„Не, тоа би било чудно“, рече Сами во интервју за „Пипл“, објавено на 20 февруари, а Дениз додаде: „Да, тука ја повлекуваме линијата“. И покрај ова правило, мајката и ќерката се поврзуваат преку заедничко искуство на „Онли Фанс“. Дениз, која сега има 54 години, призна дека решила да отвори сметка на платформата за да ја поддржи Сами поради критиките на социјалните мрежи.

„Кога видов дека Сами добива толку многу негативни коментари, навистина ме погоди – не само како мајка, туку и како жена во овој бизнис“, објасни Ричардс.

„Луѓето ме гледаат како секс симбол со години поради разни снимања, а сега ја напаѓаат ќерка ми затоа што ја презеде контролата врз сопствената сексуалност и го правеше она што го сакаше. Затоа решив да ја поддржам и да се приклучам“.

Scroll to Top