Дента пред венчавката принцот Чарлс ѝ кажал на Дијана дека не ја сака

By

Принцот Чарлс ѝ кажал на прицезата Дијана дека не ја сака на денот пред кралската венчавка. Ова го открива поранешниот астролог на Дијана, Пени Тортон, во документарниот филм за принцезата „Интервјуто на Дијана: Одмазда на принцезата“.

Пени вели дека Дијана ѝ се доверила дека нејзиниот сопруг на денот пред венчавката ѝ кажал дека не ја сака.

„Една од најшокантните работи што Дијана ми ги кажа е дека ноќта пред венчавката со Чарлс тој ѝ кажал дека не ја сака. Мислам дека Чарлс не сакал да влезе во брак со Дијана затоа што не сакал да ја лаже својата идна сопруга“, вели Пени додавајќи дека британскиот престолонаследник сакал да ја избегне венчавката, која веќе била подготвена, но дека било предоцна за такво нешто.

За потсетување, принцезата за која нејзините обожаватели во светот ја нарекуваа дека е од народот, влезе во брак со принцот Чарлс на 19 години. Кралската двојка се венча на 29 јули 1981 година во катедралата „Свети Павле“ во Лондон.

На венчавката присуствуваа 2.650 гости. Венчавката како од бајка, како што ја нарекуваа многумина, ја пренесуваа 74 телевизиски станици во светот, а младоженците ги гледаа над 750 милиони луѓе. И покрај раскшниот живот и двајцата синови што ги добија во бракот, Дијана и Чарлс во 1996 година одлучија да се разведат поради аферата на принцот за која светот дозна.

Чарлс се заљуби во својата љубовница Камила со која до ден-денес е во брак. Кралското семејство и односите на неговото членови отсекогаш биле тема што ја интересирала јавноста, а една од најинтересните е мистериозната смрт на принцезата Дијана, трагичен настан што се случи пред 23 години. До ден-денес постојат разни теории и шпекулации за тоа кој е одговорен за трагичната смрт на принцезата Дијана.

 

 

Ќе ви се допадне