Американскиот филмски институт (АФИ) соопшти дека следната година на гала вечер на актерот Дензел Вашинготн ќе му додели награда за животно дело.
Вашингтон во текот на 40 годишната кариера доби девет новминации за Оскар, од кои доби два за споредна машка улога во филмот „Слава“ од 1988 година и 2001 година за главна машка улога во филмот „Ден за обука“.
Актерот е роден 1954 година и ќе биде 47. добитник на АФИ, а пред него со оваа награда се закитија Мел Брукс, Роберт де Ниро, Мерил Струп и Алфред Хичкок.
Оваа година наградата ја доби Џорџ Клуни, а следната церемонија е закажана за 6 јуни 2019 година во Лос Анџелес.