Разводите во светот на познатите и богатите чинат вистинско богатство. Сумите на некои од нив се мерат во милиони, а на други во милијарди. Ова се десетте најскапи разводи на сите времиња.
10. Боб Џонсон и Шејла Џонсон – 400 милиони долари
Во 2000 година станале првиот афроамерикански милјардерски пар, а две години подоца се развеле.
9. Мел Гибсон и Робин Мур – 425 милиони долари
Овој развод вреден речиси половина милјарда долари сè уште е најголемата бракоразводна исплата во историјата на Холивуд.
8. Крег Меков и Венди Меков – 460 милиони долари
Парот се разведе во 1997 година.
7. Димитри Риболовлев и Елена Риболовлев – 604 милиони долари
Елена поднела документи за развод од рускиот бизнисмен поради многубројните неверства. Првин судот ѝ додели 4,5 милјарда долари, но по жалбата си замина со 604 милиони долари.
6. Аднан Кашоги и Сораја Кашоги – 874 милиони долари
Парот се разведе во 1974 година, Сораја доби 874 милиони долари, што во денешно време би биле околу две милијарди долари.
5. Харолд Хам и Су Ан Арнал – 975 милиони долари
Су Ан Арнал добила 974,8 милиони долари и покрај тоа што барала уште поголем надомест.
4. Стив и Илејн Вин – 1 милјарда долари
Сопствениците на казина во Лас Вегас се венчале двапати. Вториот развод е еден од најскапите на сите времиња.
3. Берни Еклстоун и Славица Радиќ – 1,2 милјарда долари
Првиот човек на Формула 1 е еден од најбогатите луѓе во Британија. Од хрватскиот модел се разведе во 2009 година. За овој развод деталите не се многу јасни, но се смета дека Радиќ е таа што му плаќа надомест на Еклстоун.
2. Руперт Мурдок и Ана Торв – 1,7 милјарда долари
Медиумскиот могул и новинарката биле во брак 31 година и имаат три деца. Се развеле 1998 година.
1. Алек Вилденштајн и Џослин Вилденштајн – 3,8 милјарди долари
Најскапиот развод се случил 1999 година кога француско-американскиот бизнисмен и дилер на уметнички слики се развел од сопругата со која бил во брак 21 година.