Десет пати неделно имаме секс, затоа Кевин нема сила на теренот

Сопругата на фудбалерот Кевин Принс Боатенг, Мелиса Сата Боатенг се прослави со само една изјава.

Кевин во текот на кариерата промени голем број на клубови ширум Европа, но според зборовите на фудбалските експерти никогаш не успеал да го достигне максимумот поради желбата за секс.

Неговата долгогодишна девојка јавно ја откри причината зошто константно е повреден и зошто уморен доаѓа на тренинзите.

На прашањето зошто Кевин е често повреден одговорила дека сексот е виновен.

„Причината зошто постојано е повреден е поради тоа што имаме секс седум до десет пати неделно. Мислам дека тоа е причината“ – изјави Мелиса пред некоја година.

А нејзината изјава овие денови повторно стана популарна на социјалните мрежи и и донесе малку внимание во светската јавност.

Scroll to Top