Децата на познатите манекени за „Долче и Габана“

Светски-познатата модна куќа „Долче и Габана“ ја претстави својата колекција на Модната недела во Милано. Но, наместо да ангажираат искусни модели, тие се решија да ги повикаат децата на светски познатите личности.

На ревијата најновите модели ги носеа синовите на Џад Лоу, Пи Диди, Памела Андерсон, Даниел Деј Луис, Џејмс Марсден и Пирс Бросан.

Но, на пистата прошетаа и неколку млади актери, музичари и модели, меѓу кои и Рос Линч, Остин Махон. Камерон Далас, Вил Пелц и Оливер Чешир.

 

Scroll to Top