Децата на принцот Хари нема да имаат исто презиме како тие на Вилијам

Откако се венчаа принцот Хари и Меган Маркл, Британците ги чекаат радосните вести за принова. Британските медиуми и обожаватели на кралското семејство, нестрпливо ги чекаат децата на славната двојка, а веќе почнаа да шпекулираат и со нивниот изглед и имиња.

Од бременоста засега нема ништо, но некои детали за животот на децата на Меган Маркл и принцот Хари се веќе познати. Можно е да тие да не бидат принцови и принцези, и да ги имаат титулите лорд и лејди. Женските деца нема да го наследат војводството, затоа што оваа титула според правилата им припаѓа само на машките деца.

Децата веројатно ќе се презиваат Сасекс, односно тоа ќе биде презимето кое ќе го користат кога ќе тргнат во школо. Децата на принцот Вилијам и Кејт Миделтон го користат презимето Кембриџ, а Вилијам и Хари за време на школувањето го користеле презимето Велс. Таа била титулата на нивните родители.

 

 

Scroll to Top