Израелската глумица Митал Дохан и Ал Пачино раскинаа по двегодишна врска. Таа за медиумите вели дека проблемот бил разликата во години и тоа што Ал Пачино не сакал да троши пари на подароци.
„Разликата во години е тешка. Се обидов да се носам со тоа, но тој сега е постар човек. И да бидеме искрени и покрај сета моја љубов, врската не можеше да трае“, изјавила глумицата за The Time od Israel.
Дохан објаснила дека Ал Пачино бил премногу скржав и дека немал желба да троши пари на неа.
„Ми купуваше само цвеќе. Не можам да кажам дека имаше желба да троши пари на скапи подароци“, објаснила Дохан. Таа откри дека неодамна имале кавга, а решила да го остави иако и понатаму го сака и почитува.