Џани Русо ја изгубил невиноста со Мерилин Монро: Таа ме научи да бидам вистински маж

Актерот Џани Русо познат по улогата во култниот филм „Кум“, се потсети на своите години во младоста, период во кој имал секс со најголемиот секс симбол, Мерилин Монро. Русо вели дека со Монро ја изгубил невиноста на 15-годишна возраст. Таа тогаш била двојно постара од него. Имала 33 години, а актерот вели дека двајцата останале блиски до нејзината смрт на 36-годишна возраст во 1962 година.

Во интервјуто за британскиот весник „Сан“, Русо отворено зборувал за неговото искуство и работа со големите имиња Френк Синатра и Марлон Брандо. Тој вели дека Брандо бил неговиот учител по глума, а Синатра го учел да пее. За Мерилин Монро вели дека таа била личноста која го научила да биде вистински маж.

„Таа ме научи на сè што знам денес. Мислев дека сум најсреќниот човек на светот кога бев со неа. Тоа беше моето најубаво искуство. Имав секс со најголемиот секс симбол и најпосакуваната американска филмска ѕвезда. Денес ако се случи такво нешто, таа сигурно ќе беше уапсена, а моите родителите ќе сакаа да заработат пари“, вели Русо.

Русо вели дека Монро ја запознал додека работел во фризерски салон во Њујорк. Таа доаѓала често во салонот за да ја измие косата. Била пријателски настроена, а по неколку доаѓања, Русо повеќе не ја гледал како филмска ѕвезда.

„Почнав да ја гледам како обична личност, но со феноменално тело“, вели актерот.

Монро го поканила Русо во собата во својот хотел „Волдорф“, каде што престојувала. Русо вели дека апартманот бил целиот неуреден. Облеката од Монро била расфрлана по креветот заедно со валкани чинии. Таа била легната на креветот со шише шампањ во раката. Веднаш потоа двајцата завршиле во бањата.

„Моето срце силно чукаше. Од страв си ги покрив очите, а Мерилин се смееше. Почнав да се соблекувам, плашејќи се да не се сопнам од пантолоните и паднам на задникот“, се присетува Русо.

„Да бидам искрен, немав идеја што треба да правам или што се очекуваше од мене. Останавме во кревет цел викенд, а излегувавме само по потреба“, раскажува Русо.

Актерот вели дека дури следниот понеделник се вратил во реалноста. Кога почнал со работа, не сакал да каже на никого дека бил со Мерилин Монро. Не затоа што бил џентлмен, туку затоа што сметал дека никој не би му поверувал. Русо вели дека нивната врска продолжила, но дека останала да биде тајна.

Scroll to Top