Оскаровецот Џаред Лето за својата следна улога ќе влезе во вилата „Плејбој“. Лето ќе го глуми Хефнер. Режисер на филмот ќе биде Брет Ратнер.
Најавата за снимањето на филмот доаѓа само една недела по смртта на основачот на магазинот „Плејбој“.
„Џаред ми е стар пријател, па кога слушна дека ги добив правата за снимање на филмот ми се јави и рече ‘Сакам да го глумам Хеф. Сакам да го разберам’. Навистина верувам дека Џаред може да се внесе во ликот. Тој е еден од најдобрите актери на денешницата“, изјави Ратнер за „Ентертејнмент викли“.