Во интервју за магазинот „Вог“, Џастин Бибер и Хејли Болдвин откриле дека немале секс пред да се венчаат. Тие велат дека тоа ја забрзало нивната одлука да се венчаат.
„Тоа е најдобра одлука што можевме да ја донесеме. На тој начин покажавме почитување кон Бог. Господ со целибат не наметнува правила, туку на тој начин ве заштитува од болка и тага. Јас бев во целибат речиси една година, пред да ја сретнам Хејли и мислам дека Бог ми врати на тој начин што ми ја прати неа“, рекол Џастин во интервјуто.
Двојката почна да се забавува лани кон крајот на мај, а се венчаа во септември.