Канадскиот пејач Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли Болдвин се отворија во интимна серија за видеосервисот „Воч“, видеоплатформа на Фејсбук (Facebook Watch), во која тие дискутираат за нивниот брак, проблемите и заедничкиот живот.
”The Biebers on Watch“ започна во понеделникот со првата од 12-те епизоди кои Џастин и Хејли ги снимија во и околу нивниот дом во Торонто каде моментално се во самоизолација поради пандемијата на коронавирус.
Во првата епизода се гледа како двојката излегува со брод на езеро во близина на кое растеше Бибер. Тие искрено разговараат за предизвиците и придобивките од бракот.
„Има многу работи на кои треба да работам. Простувањето, љубомората, несигурности што дури и не знаев дека ги имав сè додека не одбрав да го поминам животот со тебе“, Бибер ѝкажува на сопругата.
„Фејбук воч“ објави дека серијата се снима на Gopro-камери.