Џастин Бибер има корона, пејачот го откажа концертот во Лос Анџелес

Канадскиот пејач Џастин Бибер поради коронавирус мораше да го откаже настапот во Лос Анџелес. Тој објави дека е позитивен на ковид и дека морал да го откаже настапот во Т-Mobile арената во Лас Вегас во неделата. Истиот е закажан за лето.

Бибер требаше да има два настапи следната недела. Во вторник требаше да настапи во Аризона, а в четврток во Калифорнија. Но, засега сè уште нема дали и овие концерти ќе бидат откажани, пренесува Page Six.

„За среќа, се чувствува добро“, рече неговиот портпарол за медиумите.

Бибер рече дека е позитивен на ковид недела дена откако настапи во преполната сала во Pacific Design центарот во Калифорнија. За потсетување, по настапот тој направи забава на која се случи пукање во кое во нога беше застрелан раперот Кодак Блек.

На листата на гости на оваа забава беа и Леонардо ди Каприо, Тоби Мегвајер, Кендал Џенер, Дрејк и Клои Кардашијан.

Scroll to Top