Поп ѕвездата Џастин Бибер побарал од неговата вереница, манекенката Хејли Болдвин, нема да застанат пред олтар и нема да се заколнат на вечна љубов, се додека не потпишат предбрачен договор.
Иако тоа не беше случај претходно, Бибер по консултацијата со својот пијар тим и пријатели, сега не сака така лесно да го соодели целото свое богатство со неговата љубов.
Хејли и Џастин веќе ја извадија потребната документација за склопување на бракот, ангажирале свои адвокати и подготвени се на преговори. Во договорот стои дека во случај на развод, секој ќе го задржи својот дел од имотот.
Богатството на Бибер се проценува на 265 милиони долари, додека Хејли вреди околу 6 милиони долари.