Џастин Бибер плаче пред станот на свршеницата на Менхетн

Светската поп-ѕвезда Џастин Бибер бил фотографиран пред станот на својата свршеница Хејли Болдвин на Менхетн. Двајцата плачеле, а кај Бибер била забележана контроверзна христијанска книга за самопомош, која се смета за своевиден водич за љубовната врска.

Многумина пред да се огласи Џастин го протолкуваа ова како проблеми во рајот за канадскиот пејач.

„Имаме добри и лоши денови. Оваа книга е причина зошто јас и Хејли бевме загрижени тој ден пред нејзиниот стан. Животот не е реален ако немате лоши денови“, изјавил Џастин споменувајќи ја книгата што ја напишала сопругата на конзервативниот пастир Тимоти Келер, кој веројатно е новиот духовен водич на пејачот.

Книгата е оценета со 4,8 на насловната на „Амазон“. На верниците им помага како да имаат складен брак во времето на модерната култура, која денес многумина ја сфаќаат погрешно.

Дали Џастин Бибер го промовира својот духовен ментор или навистина живее според тие правила, засега не е познато. Факт е дека тој и неговата свршеница често одат во црква. Во јавноста се зборува дека венчавката би требало да се случи набргу, но засега не се познати никакви детали.

Медиумите во последен период сѐ помалку пишуваат за кариерата на Џастин. Папараците повеќе се концентрирани на неговиот приватен живот. Во моментот ги интересираат неговата духовна определба и свршеницата, манекенката Хејли Болдвин, од која пејачот не се одвојува.

Претходно, неколку месеци Џастин беше во љубовна врска со Селена Гомез. Но, Бибер изненади многумина кога се смири со Хејли, со која претходно имаше кратка авантура во 2016 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top