Откако во јавноста ги соопшти здравствените проблеми поради кои едната страна од лицето му е целосно парализирана, Џастин Бибер повторно проговори и изјави дека состојбата се подобрува.
Бибер изјави дека во овој тежок период најмногу се потпира на својата вера.
„Сакам да споделам со вас како се чувствувам. Секој ден е сè подобро. Низ целата непријатност најдов утеха во оној кој ме создаде. Се потсетив дека тој знае сè. Ги знае најтемните делови од мене. Знам дека оваa бура ќе помине, но, во меѓувреме, Исус е со мене“, додаде тој.
Пред неколку дена во видеото што го објави на својот Инстаграм 28-годишникот канадски пејач рече дека парализата на лицето е последица на синдромот Ремзи Хант.
Синдромот Рамзи Хант е вирусна инфекција на фацијалниот нерв што се јавува кога инфекцијата со херпес зостер влијае на фацијалниот нерв. Синдромот Ремзи Хант обично се поврзува со црвен осип и плускавци во увото или ушната школка, а понекогаш и на непцето или јазикот. Таа е предизвикана од реактивирање на вирусот на херпес зостер, кој претходно предизвикувал сипаници кај пациентот.