Џастин и Хејли Бибер сакаат да тужат пластичен хирург

Канадскиот пејач, Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли, планираат да покренат судска постапка против пластичен хирург од Беверли Хилс. Нивниот адвокат го обвини доктор Даниел Берет, дека се послужил со имињата на неговите клиенти. Тој го обвини Берет, дека користел и фотографии од Џастин за рекламни цели.

Берет сакал да го искористи името на пејачот и неговата личност, за комерцијални цели, да ги рекламира своите пластични операции и да шири лажни и непотврдени тврдења, дека госпоѓа Бибер направила пластична операција.

Исто така, Берет е обвинет дека во своето видео користел авторски права со заштитен текст од песната на Бибер „Извини“. Доктор Берет покажувал и две фотографии од Хејли, од пред неколку години и се рекламирал, покажувајќи како направил одлична работа и операција со нејзниот нос.

„Мислам дека тоа е физички невозможно, да се изведе. Без малку помош од некој како мене, нема да се добие овој изглед на Хејли“, изјавил Берет, рекламирајќи се пред неговите клиенти.

 

 

Scroll to Top