Џастин Тиберлејк и Џесика Бил прославија десет години брак

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил прославија 10 години од брак и објавија дека ги обновиле заветите. Двојката првично се венчаче за време на романтична церемонија во Италија на 19 октомври 2012 година.

Оттогаш, двојката продолжи да споделува моменти од нивниот приватен живот на социјалните мрежи од доаѓањето на нивните два сина, повеќе професионални соработки и значајни родендени.

Бил на Инстаграм откри дека таа и Тимберлејк го обновиле заветот во текот на летото.

„Од нашето обновување на заветот ова лето во Италија“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Biel (@jessicabiel)

Пред годишнината, Џесика се отвори за нивната љубов и за тоа како нејзиниот сопруг ја одржува романсата жива.

„Па, ќе морам да му оддадам признание на Џастин во овој момент, за оваа една работа што секогаш ми ја вели: „Можеби сме во брак, но мора да продолжиме да излегуваме“, и тоа е толку точно“, изјавила Џесика.

„Едноставно треба да продолжите да одвојувате време еден за друг и мора да продолжите да си правите приоритет. И да ги правите работите што ги сакате заедно, вели Бил.

„Потврдено, 10 години не се доволни! – Ме правиш подобар сопруг и татко секој ден. Многу те сакам, прекрасно човече“, напиша Тимберлејк на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Timberlake (@justintimberlake)

Scroll to Top