Џастин Тимберлејк му го честиташе роденденот на Џими Фелон

Не е тајна дека поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк и комичарот Џими Фелон се добри пријатели. Тие се толку блиски што дури и се нарекуваат браќа.

На својот инстаграм-профил Џастин објави фотографија со која му го честита роденденот на 43-годишниот комичар.

„Среќен роденден Џими Фелон. Се сеќаваш кога бевме само двајца пријатели што се дружеа, пиеја пиво, печеа хамбургери, кога разговаравме за животот, за тоа кој има поубава коса, кој плаче повеќе гледајќи цртани филмови со децата…? Се сеќаваш на лудите работи што ги правиш, на пример, дека се паркираш веднаш пред вратата на мојата куќа и дека возиш по тревникот наместо по асфалтот?! Ако не се сеќаваш, се сеќавам јас“, напиша меѓу другото Тимберлејк.

Scroll to Top