Џастин Трудо воодушеви со чорапи од „Војна на ѕвездите“

Канадскиот премиер Џастин Трудо уште еднаш ја воодушеви светската јавност кога на панел-конференција организирана во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации се појави со чорапи со ликот на Чубака од „Војна на ѕвездите“.

Трудо е познат по својот чуден, а сепак храбар избор на чорапи. Нестандардните чорапи со разни ликови и во впечатливи бои се негов заштитен знак. Многу млади денес го сметаат за свој моден идол и го копираат неговиот стил – класични чевли и панталони дополнети со нестандардни чорапи.

Чорапите со ликот на Чубака особено им се допаднаа на фановите на култниот филм, кои оставија бројни позитивни коментари под фотографиите објавени на социјалните мрежи.

Scroll to Top