Џеф Безос останува најбогатиот човек на светот

Извршниот директор и основач на „Амазон“, Џеф Безос новата 2020 година ја започна како најбогатиот човек на светот со богатство од 115 милијарди долари.

Безос во 2019 година се разведе по 25 години брак, а неговата поранешна сопруга Макензи Безос се договори да земе четири проценти од компанијата која се занимава со онлајн малопродажба.

Макензи доби околу 37 милијарди долари и стигна на 25 место на најбогатите личности во светот. Според индексот на Блумберг за милијардери, кој ги следи 500 најбогати луѓе на светот, на второто место е основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс со 113 милијарди долари.

На третото место е Бернар Арно со 105 милијарди долари. Арно е најбогатиот Французин и генерален директор на LVMH, кој контролира речиси половина од познатиот француски модел ланец, во чија групација, освен „Луј Витон“, се наоѓаат и други светски познати брендови.

Потоа следи американскиот инвеститор Ворен Бафет, со 89,3 милијарди долари, додека на петтото место е основачот на „Фејсбук“ Марк Цукенберг, со 78,4 милијарди долари.

Мексиканскиот магнат Карлос Слим е на 11 место со 60.2 милијарди долари.

 

 

 

Scroll to Top