Џеј Ло направи маникир со иницијалите на Бен Афлек и во црни бикини ја отвори летната сезона

Џенифер Лопез направи маникир на нејзините нокти со дизајн во златна боја со буквите „Б“ и „Л“. Дизајнот на маникирот збогатен е со златно срце на нејзиниот среден прст.

Во фокусот на фотографијата објавена од Том Бачик е свршеничкиот прстен на Џеј Ло со зелен дијамант. Во април пејачката се пофали со прстенот облечена во наметка на Версаче на која доминира зелената боја за која Џеј Ло кажа дека во нејзиниот живот има многу неверојатни моменти кои се случиле кога била облечена во зелена боја.

Манкирот не е единственото нешто кој го има направено Џел Ло на кое ќе има иницијали од нивните први букви од имињата. Во август 2021 година Лопез беше забележана како носи ѓердан на кој пишува „Бен“ додека се шета по улиците на Портофино, Италија, неколку месеци откако парот ја обнови својата романса. Парчето накит Foundrae ѝ и го подари Афлек.

Креативната директорка и коосновач на Foundrae, Бет Багдејкеј, за „Пипл“ изјави дека парчето на Лопез е од линијата накит што ја сакаат славните, дизајнирано по нарачка од самиот Афлек. Таа рече дека била воодушевена што ја видела Лопез со овој накит. Лопез го носеше специјалниот накит во серија фотографии на Инстаграм на нејзиниот 52. роденден, како и видео на кое таа и Бен страсно се бакнуваат. 

Џеј Ло на социјалните мрежи објави фотографии и видео на кои е во црни бикини со кои официјално ја отвора летната сезона и напиша „Летен режим: Активиран“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Scroll to Top