Џеј Ло се појави на премиерата на нејзиниот филм Unstoppable, одби да даде автограми

Џенифер Лопез присуствуваше на лондонската премиера на нејзиниот нов филм Unstoppable, а многумина воодушеви со својата едноставна, но елегантна облека. Таа за оваа пригода избра црн краток фустан над кој облече бунда, а се заврши со едноставни црни потпетици и чанта во иста боја.

Судејќи по фотографиите, таа беше насмеана, но не сакаше да позира и да дава автограми, па побара да не се фотографира, што може да се види на некои од фотографиите каде ја држи раката горе и не им дозволува на папараците да ѝ се приближат.

Една од причините за ваквото нејзино однесување би можело да биде тоа што нејзините обожаватели често и поставуваат непријатни прашања. Така, на неодамнешната проекција на филмот во САД, Џенифер многу се налутила откако некој и поставил прашање за уапсениот рапер и нејзиното поранешно момче Пи Диди.

Scroll to Top