Џеј Зи ја изневерувал Бијонсе

Американскиот рапер Џеј Зи во интервју за „Њујорк тајмс“ признал дека ја изневерувал Бијонсе, но дека бракот го спасиле благодарение на терапиите.

„Мораш да преживееш. Преминуваш на фазата преживување, а кога преминуваш во таа фаза, што се случува? Ги исклучуваш сите емоции. Дури и со жените, ќе се исклучиш емоционално, па не можеш да се поврзеш. Во мојот случај, длабоко е. И поради тоа се случуваат сите нешта: неверство“, рекол Џеј Зи.

За неверството на раперот се шпекулираше и претходно, кога Бијонсе го издаде својот последен албум Lemonade, а во голем дел од песните публиката ги препозна приказните за неверството.

Scroll to Top