Џеј Зи по тужба за силување: Бијонсе и јас ќе мора да разговараме со нашите деца

Џеј Зи, 55-годишен рапер чие вистинско име е Шон Кори Картер, е обвинет за силување на 13-годишно девојче во 2000 година, што наводно го извршил со уапсениот рапер Шон Диди Комбс. Музичарот веќе проговори за се и рече дека најважно му е тој и неговата сопруга Бијонсе да седнат со децата и да се обидат да им објаснат за што се работи.

Тој рече дека „лажните и гнасни наводи“ најмногу ќе влијаат на неговото семејство. „Единствената болка што ја чувствувам е за моето семејство. Јас и мојата сопруга ќе мора да седнеме со нашите деца, од кои едното е на возраст кога нејзините пријатели ќе ја испрашуваат поради тоа што го видоа во весниците“, вели славниот рапер.

Тој додаде дека ниту едно дете не треба да трпи таков притисок на млада возраст. „Ожалувам за уште една загуба на невиност. Неправедно е што треба да се обидат да ја разберат необјаснивата злоба што го уништува семејството и човечкиот дух“, рече тој.

Џеј Зи и Бијонсе се во брак од 2008 година и имаат три деца – 12-годишната ќерка Блу Ајви и 7-годишните близнаци Руми и Сира.

За потсетување, во тужбата на анонимниот тужител се наведува дека Диди и Џеј Зи силувале 13-годишно девојче во куќата на забава по доделувањето на видео музичките награди на MTV во Њујорк. Се додава дека пријател ја оставил на церемонијата на доделување награди во Radio City Music Hall. Потоа се обидела да дојде на афтер-журката и им пришла на некои од возачите прашувајќи дали ќе ја одведат.

Еден од нив, како што се наведува во тужбата, и рекол дека работи за Комбс и дека таа „се вклопува во описот на она што го бара Диди“. Ја поканил на забавата и и рекол дека ќе ја земе откако ќе ги остави Диди и Џеј Зи. Подоцна, возачот ја земал и по 20 минути стигнале до куќата, каде на влезот морала да потпише документ за кој верувала дека е договор за доверливост, но не добила копија. Се зборува дека во куќата имало многу познати личности кои консумирале марихуана и кокаин.

Таа тврди дека и понудиле пијалок по што и се „свртело и имала потреба да легне“ по што отишла во соба да се одмори. Набргу потоа, во тужбата се наведува дека Комбс и Џеј Зи влегле во собата и Комбс рекол: „Подготвена си за забава“. Потоа, тврди таа, Џеј Зи се соблекол, ја држел и ја силувал додека Комбс и една славна личност ја гледале. Таа тврди дека Комбс исто така ја силувал додека Џеј Зи и жената ја гледале.

По нападот ја грабнала облеката и си заминала. Отишла на бензинска пумпа каде го повикала својот татко, се наведува во тужбата.

Scroll to Top