Џеј Зи се врати на Инстаграм, но Бијонсе го нема заследено

Раперот Џеј Зи (53) се врати на „Инстаграм“ за да го промовира својот нов филм The Book of Clarence. Покрај компонирањето музика за филмот, раперот ѝ го продуцираше, а во него играат ѕвездите Бенедикт Камбербач, Џејмс Мекавој, ЛаКит Стенфилд и Омај Сај.

Филмот ќе излезе на 12 јануари 2024 година и ја следи лошата среќа на еден млад човек од Ерусалим кој се обидува да профитира од новиот пророк кој брзо стекнува сè поголема слава и моќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @jayz

Џеј Зи првпат на „Инстаграм“ се активираше во септември 2021 година за да го промовира филмот што исто така го продуцираше, The Harder They Fall. За 24 часа собра милион следбеници и бргу потоа го избриша. Сега откако повторно се врати, бројката на фанови е помала.

Единствената личност што раперот ја следи е сопругата Бијонсе. Таа пак го нема заследено него.

За потсетување, Џеј Зи и Бијонсе се во брак од 2008 година, имаат три деца Блу Ајви (11) и близнаците Руми и Сер (6), а нивното заедничко богатство се проценува на околу 3 милијарди долари.

Scroll to Top