Џеј Зи со ќерката Блу Ајви заедно на НБА-натпревар

Блу Ајви Картер е најстарата ќерка на познатиот пар Џеј Зи и Бијонсе. Нејзините родители не се појавуваат често со неа во јавноста.

Таа заедно со нејзиниот татко беше на петтиот натпревар од финалето на НБА-лигата помеѓу Голден Стејт вориорс и Бостон селтикс. Ова е ретка можност да се види Џеј Зи во друштво на неговата ќерка Блу Ајви.

Раперот е фотографиран кога ја прегрнува својата ќерка, а многумина на мрежите коментираа дека десетгодишната Ајви е исто како нејзината мајка.

Scroll to Top