Британскиот готвач Џејми Оливер ја поддржа иницијативата на Националниот совет за образование со која се бара да им се забрани купување енергетски пијалаци на деца помлади од 16 години. Тој вели дека и на самиот производ стои упатство во кое пишува дека тие не се погодни за деца.
„Ако компаниите кои произведуваат енергетски пијалаци ни сугерираат на тоа дека нивните производи не се препорачуваат за деца, зошто тогаш 10-годишно момче може да купи кога ќе посака?“, вели Џејми и додава: „Итно е потребно владата да постави старосна граница за продажба на енергетски пијалаци“.
Дури 69 отсто од тинејџерите и 24 отсто од децата под 10 години во Велика Британија ги консумираат овие пијалаци.