Славниот британски готвач Џејми Оливер бркал по улица човек кој се обидел да провали во неговата куќа во северен Лондон, пишува „Дејли мејл“.
Според очевидците, човекот се обидел да влезе во неговиот дом во моментот кога во куќата биле Џејми, неговата сопруга и петте деца. Оливер успеал да го стигне и да го собори крадецот, па заедно ја чекале полицијата за да го уапси. Според полицијата крадецот се обидел да ограби уште неколку куќи во соседството на Оливер.
Џејми Оливер не сакал да го коментира инцидентот, но неговите соседи за „Дејли мејл“ рекле дека Џејми е вистински херој.