Таткото на поп-пејачката Бритни Спирс, Џејми, ѝ се заканувал дека ќе ѝ ги земе децата. Ова се отркива во новиот филм на „Нетфликс“, кој премиерно ќе се прикаже на 28 септември, ден пред закажаното судско рочиште меѓу Бритни и Џејми.
„Дејли стар“ пренесува дека Бритни му ги открила на адвокатот, намерите на татко ѝ, кој за целиот тој период, откако пејачката доживеа нервен слом, имал од судот решение за старателство и над неа и нејзините деца.
Бритни го загуби старателството над своите деца, по разводот со Кевин Федерлајн, кој сметал дека во најдобар интерес е нивниот дедо да се грижи за нив.
За потсетување, Бритни до неодамна беше под старателство над нејзиниот татко, кој по долга судска битка од неодамна реши самиот да се откаже од истото. Тој побара од судот во Лос Анџелес да се прекине неговото долгогодишно старателство.
Во јавноста се појавија шпекулации дека тој ја третирал буквално како затвореник, а нејзините фанови покренаа и иницијатива за нејзино ослободување.