Џејмс Камерон објави фотографии од светот на Пандора во „Аватар 2 “

Режисерот Џејмс Камерон десет години по премиерата на „Аватар“, конечно навести како ќе изгледа светот на Пандора во следните продолженија.

Во ноември, продукцијата на Твитер објави верзија за филмот, но новите фотографии од световите и ликовите даваат прв вистински увид во тоа што може да очекува публиката.

Коментарите на социјалните мрежи се различни . Едни не веруваат дека продолженијата навистина ќе излезат, други се возбудени околу новата Пандора, додека трети велат дека Камерон потрошил една деценија на нешто што наликува на видеоигра.

Долгоочекуваното продолжение на „Аватар“ повторно е поместено и според последните најави, треба да излезе на 17 декември 2021.

Scroll to Top