Џејн Фонда: Ракот е во ремисија, ја прекинувам хемотерепијата

Џејн Фонда на почетокот на оваа година објави дека има рак и веднаш ќе започне со лекување.

Таа ги информирала своите фанови на Инстаграм дека боледува од Нон-Хочкинов лимфом и веднаш почнала со хемотерапија.

Сега ја споделила добрата вест, а тоа е дека докторот и рекол дека ракот е во ремисија.

„Во почетокот ми кажаа дека ќе одам на хемотерапија шест месеци. Особена сум среќна што првите четири рунди на лекување лесно ги поминав, само неколку дена бев уморна, додека последната хемотерапија беше тешка и траеше две недели. Сега докторите ми рекоа дека ракот е во ремисија и можам да ја прекинам хемотерепијата“, напиша Фонда на Инстаграм, каде што има 1,9 милиони следбеници.

Истакнала и дека првите четири третмани со хемотерапија и биле прилично лесни, но последниот бил најтежок и не можела да направи речиси ништо.

Џејн Фонда на 21 декември ќе го прослави својот 85-ти роденден, па оваа вест е секако еден од најдобрите подароци што можела да ги добие.

Scroll to Top