Актерот Џејсон Момоа, кој се прослави во улогите во серијата „Игра на престолот“ и во филмот „Аквамен“, доживеал вистинска драма кога во авионот со кој летал се активирал алармот дека нешто гори.
Светските медиуми пренесуваат дека пилотот морал веднаш принудно да го слета авионот, а подоцна се испоставило дека во прашање била лажна узбуна и дека всушност не дошло до пожар.
И самиот актер се огласи на социјалните мрежи.
„Добри стари пожарникари, мораш да ги сакаш“, напишал Момоа на објавената фотографија.