Џејсон Момоа и 12 години помладата актерка привлекоа внимание на Канскиот филмски фестивал

45-годишниот актер Џејсон Момоа привлече внимание со својата 12 години помлада девојка, порториканската актерка Адрија Арjона, на Канскиот филмски фестивал.

Тој ја поддржа на премиерата на нејзиниот нов филм „Сплитсвил“. Адрија се појави на црвениот тепих во зелена сатенска облека, а Момоа носеше бело одело. Двајцата позираа насмеани за фотографите.

Момоа претходно беше во брак со Лиза Бонет, која е 12 години постара од него. Момоа и Бонет имаат две деца, а се разведоа во јануари 2024 година. Поранешните сопружници имаат заедничко физичко и законско старателство над 17-годишната ќерка Лола и 16-годишниот син Накоа-Волф.

Адрија, исто така, има еден неуспешен брак зад себе. Актерката се омажи за својот долгогодишен партнер, адвокатот Едгардо Каналес, во 2019 година, но не е познато кога парот се разделил.

Scroll to Top