Момоа, еден од најпосакуваните холивудски актери, повторно се бакнува.
44-годишниот актер ја потврди новата романса со објава на Инстаграм. Момоа ја посети Јапонија со пријателите, а меѓу фотографиите со друштвото беа и оние со неговата нова партнерка, порториканската актерка Адриа Арјона.
„Многу сме им благодарни на сите што ги отворија своите домови, правејќи спомени со нови пријатели и стари пријатели, споделувајќи уште една неверојатна авантура со мојата љубов“, напиша тој во објавата.
Актерката е 12 години помлада од Момоа, а за актерот ова не е прва голема разлика во години. Имено, неговата поранешна сопруга Лиза Бонет е 12 години постара од него. Момоа и Бонет имаат две деца, а се разведоа во јануари 2024 година. Поранешните сопружници имаат заедничко физичко и правно старателство над 16-годишната ќерка Лола и 15-годишниот син Накоа-Волф.
Арjона има и еден пропаднат брак зад себе. Во 2019 година, актерката се омажи за својот долгогодишен партнер, адвокатот Едгардо Каналес, но не е познато кога парот раскина.