Џејсон Стејтам и Роузи Хантингтон Вајтли добија ќерка

Џејсон Стејтам и Роузи Хантингтон Вајтли добија ќерка, пренесе MailOnline. Близок извор до глумецот откри дека Рози се породила пред два дена во Лондон.

Тие уште минатата година објавија дека го чекаат второто бебе, откако Роузи објави фотографија со нејзиниот труднички стомак.

Тогаш добија честитки и пофалби од голем број нивни пријатели и колеги. За потсетување, Рози и Џејсон се заедно од 2010 година. Тие се свршија во 2016, а една година потоа го добија и синот Џек.

 

Scroll to Top