Џеки Кенеди за малку ќе останела без венчаница

By

На 12 септември 1953 год. се венчаа Жаклин Бувие и Џон Ф. Кенеди пред 600 дипломати, сенатори, припадници на државната елита, како и уште 300 гости, ченови на семејството, пријатели. Медиумите ја пренесуваа венчавката за која се зборуваше шест децении потоа, но никој не претпоставувал дека невестата за малку ќе останела без венчаница.

dobivaj vesti na viber

Да се изработи венчалниот фустан за Џеки, не било лесно. Го изработувала дизајнерката Ен Лоу, што било строго чувана тајна зашто Ен била Афроамериканка, а тоа во јавноста ќе предизвикало бурни реакции. Фустанот на Џеки бил осмислен да биде со голи раменици и широко здолниште, украсен со големи цветови изработени исто така од ткаенина, како и бројни набори. Лоу била задолжена и за креациите за нејзината мајка и девериците.

Но, десет дена пред свадбата, пукнала една од водоводните цевки и водата го поплавила салонот на Ен, при што 10 од 15-те фустани биле уништени, а меѓу нив и венчаницата на Џеки, која била изработувана цели два месеца.

И покрај големиот шок, нервоза и солзи, Ен морала брзо да реагира, па веднаш купила  материјал и со своите вработени ги изработила фустаните одново. За среќа, успеале да ги направат само ден пред венчавката.

Ќе ви се допадне

go88 có hợp pháp không rút tiền go88 GO88 – Game bài đổi thưởng uy tín

Sunwin - Top 1 game bài đổi thưởng uy tín - Link vào SUN WIN