Љубовта и привлечноста меѓу Џенифер Анистон и Џастин Теро дотолку исчезнала што немале секс речиси една година.
„Тие спиеја во посебни спални соби во ретките случаи кога ќе се најдеа под еден покрив“, изјави извор за Радио Ранлајн.
Според неговите зборови, Анистон целосно одбивала сопругот да биде во нејзиниот кревет, кој секогаш се оправдувал дека бил уморен. Уморен од обидот да ја заведе.
„Недостигот на желба за секс со Џенифер беше една од главните причини зошто Џастин поминал многу време во Њујорк. Џенифер се надеваше дека искрата повторно ќе се запали кога тие ќе бидат на едно место, но тоа никогаш не се случи“, додаде информаторот.
Двојката призна дека се разделила на 15 февруари оваа година по двегодишен брак. Луѓето од околината на ѕвездите откриле дека кратко време по празниците доживеале спектакуларен скандал поради нешто што ескалирало со заминување на Теро во хотел.