Актерката Џенифер Анистон сака да посвои 13-месечно девојче од сиропиталиште во Мексико. Таа со години им помага на две сиропиталишта во Мексико и во текот на последната посета започнала постапка за посвојување на девојчето, открила нејзина пријателка за „Глоуб“.
„Одамна има желба да посвои дете, уште додека беше во брак со Џастин, но тој постојано ѝ велеше дека не е вистински момент за деца“, рекла пријателката на Анистон.
Откако актерката се разведе од Џастин Трудо, таа почнала да ја реализира својата желба. По веста дека сака да посвои дете, неколку американски медиуми напишаа дека таа побарала помош и совет од поранешниот сопруг Бред Пит, кој и самиот има посвоено деца.