Џенифер Анистон ќе сведочи против Анџелина Џоли, конечно ќе ѝ се одмазди за Бред Пит

Глумицата Џенифер Анистон е подготвена да сведочи против Анџелина Џоли за време на судскиот спор против Бред Пит и борбата за старетелството над нивните деца. Близок извор до глумицата открива дека Анистон сака да ѝ се одмазади на Џоли, затоа што пред 16 години ја растурила нејзината врска со Бред Пит.

Светските таблоиди пишуваат дека таа ја мрази и сега нашла погоден момент за да ѝ се одмазди за нанесената болка.

Бред и Анџелина се заљубија во 2005 година за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Анистон во тој период прекина да ја снима серијата „Пријатели“, за да може да формира семејство со Бред Пит, велат извори блиски до глумицата.

Но, наместо тоа, Пит ја остави за да биде со помладата колешка. И покрај болниот прекин, Анистон и Бред останале добри пријатели. Анистон сега е подготвена да застане на негова страна, во судскиот процес со Анџелина.

Entertainment Times пишува дека Анистон конечно дочекала да се соочи со нејзиниот најголем непријател и да ѝ се одолжи на Џоли за болката која таа и ја нанела пред 16 години. Таа добила можност да учествува како сведок на страната на Бред Пит.

„На Бред очајно му треба помош во судскиот процес, а Анистон се виде како идеална можност за тоа. Тој направи сè што е во негова моќ во битката за старателството над децата“, вели извор близок до глумецот.

Тој вели дека ако Џоли ја доби битката за старателството над децата, таа ќе ги однесе во Лондон, далеку од очите на нивниот татко.

Денот за судската одлука се ближи, а медиумите пренесуваат дека Анистон се подготвува и има голем број аргументи кои ќе ги употреби против Џоли. За потсетување, судската парница меѓу Анџелина и Бред трае уште од 2014 година, кога таа ги поднесе барањата за развод.

Кога судот планираше да донесе пресуда во корист на таткото, Анџелина се пожали дека судијата е близок до глумецот и побара повторно судење.

Scroll to Top