Џенифер Анистон отвори „Инстаграм“, на првата фотка со „Пријатели“ собра над 8 милион лајкови

Актерката Џенифер Анистон за прв пат во својот живот отвори „Инстаграм“ профил.  Првата слика што ја стави е селфи со екипа од хумористичната серија „Пријатели“.  За оваа фотографија таа доби осум ипол милиони лајкови.

Анистон долго време се мислела дали да отвори профил на социјалните мрежи. Иако таа велеше дека нема да отвори профил, сепак на крај се приклучи на милионите корисници на „Инстаграм“.

„Сега сме и инстаграм пријатели“, напишала Анистон под објавената фотографија со своите колеги Дејвид Швимер, Метју Пери, Мет Ле Блан, Кортни Кокс и Лиса Кудров.

Неодамна заедничка фотографија објави и нејзината колешка Кортни Кокс, па многумина помислија дека екипата  можеби повторно ќе се собере и ќе почне со снимање на нови епизоди од култната серијата „Пријатели“.

Scroll to Top