Џенифер Анистон размислува да ѝ се приклучи на сциентологијата

By

Популарната холивудска глумица Џенифер Анистон размислува да ѝ се приклучи на сциентологијата како и нејзините колеги Том Круз и Џон Траволта, пренесуваат светските таблоиди.

Магазинот Globe уште минатата година објави дека ѕвездата од серијата „Пријатели“ изјавила оти нема ништо против оваа религија. Таа на своите пријатели постојано им кажувала дека слушала само добри работи за оваа црква.

Сега Gossip cop, повикувајќи се на извор близок до Џенифер, пренесува дека таа сериозно размислува да ѝ се приклучи во црквата.

„Џенифер со години чувствувала порив да се запознае со таа религија, но никогаш немала можност да отиде во црквата поради разните лични предизвици низ кои поминувала. Но, сега, кога повеќе нема толаква драма во нејзиниот живот, таа е подготвена да го направи тоа“, открил изворот.

Сепак, тој објааснил дека Анистон во неколку наврати и се предомислувала откога го изгледала видеото за сциентологијата, што го снимил Луис, братот на нејзиниот поранешен сопруг Џастин Терокс, во кое оваа религија била прикажана во негативен контекст.

Контроверзната сциентолошка црква ја биле лош глас поради тајноста и целосната преданост што таа ја бара од своите следбеници, меѓу кои се и некои од познатите холивудски глумци. Недовербата од страна на јавноста се зголеми кога се откри дека таа била причина за разводот на Том Круз од неговата сопруга Кејти Холмс, кој беше пред осум години.

Исто така, црквата му забранила на глумецот и да се гледа со својата 14-годишна ќерка Сури.

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven my anime heaven: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) (https://animeheaven.pro/m/8q3x) Episode 39

4Anime my hero academia 4anime: My Hero Academia 2 (Dub) Episode 25