Откако пред неколку дена глумицата Џенифер Анистон им порача на Американците „да ги носат проклетите маски“ за да се заштитат од Ковид-19, сега објави слика од болница на која е нејзин пријател кој завршил во болница на респиратори. Глумицата напиша дека иако тој оздравел, болеста постои и е многу опасна, а луѓето мора да се заштитат. Таа вели дека маска мора да носи секој, па во објавата на Инстаграм стави и слика на која е со Кортни Кокс, а на која двете пријателки носат маски.
„Ова е нашиот пријател Кевин. Совршено здрав, без здравствени проблеми. Ова е ковид. Ова е реално. Не можеме да бидеме толку наивни и да мислиме дека можеме да го надминеме ова тукутака ако сакаме ова да заврши. А сакаме, нели? Еден од чекорите што можеме да ги направиме е да ги носиме проклетите маски. Само помислете на оние кои веќе страдале од овој ужасен вирус. Направете го тоа за вашето семејство. И најважно од сè, ковид не бира возраст“ напиша актерката.
Таа откри дека нејзиниот пријател е сликан на почетокот на април и дека сега е добар.
„Фала му на Бога, тој скоро целосно закрепна. Ви благодарам на сите за молитвите“, вели Анистон.