Џенифер Анистон со слика од нејзин пријател на респиратор предупреди на опасноста од короната

Откако пред неколку дена глумицата Џенифер Анистон им порача на Американците „да ги носат проклетите маски“ за да се заштитат од Ковид-19, сега објави слика од болница на која е нејзин пријател кој завршил во болница на респиратори. Глумицата напиша дека иако тој оздравел, болеста постои и е многу опасна, а луѓето мора да се заштитат. Таа вели дека маска мора да носи секој, па во објавата на Инстаграм стави и слика на која е со Кортни Кокс, а на која двете пријателки носат маски.

„Ова е нашиот пријател Кевин. Совршено здрав, без здравствени проблеми. Ова е ковид. Ова е реално. Не можеме да бидеме толку наивни и да мислиме дека можеме да го надминеме ова тукутака ако сакаме ова да заврши. А сакаме, нели? Еден од чекорите што можеме да ги направиме е да ги носиме проклетите маски. Само помислете на оние кои веќе страдале од овој ужасен вирус. Направете го тоа за вашето семејство. И најважно од сè, ковид не бира возраст“ напиша актерката.

Таа откри дека нејзиниот пријател е сликан на почетокот на април и дека сега е добар.

„Фала му на Бога, тој скоро целосно закрепна. Ви благодарам на сите за молитвите“, вели Анистон.

Scroll to Top