Џенифер Анистон заљубена во помлад пејач

Глумицата Џенифер Анистон е во врска со 25 години помладиот пјеач Хари Стајлс, еден од членовите на познатиот бенд One Direction, пренесуваат светските таблоиди.

Како што пренесува магазинот New Idea, двајцата се запознале преку Кортни Кокс, колешката на Анистон од „Пријатели“, и пејачот Ед Ширан.

„Со Хари се спријателија преку Ед Ширан, кој на почетокот на кариерата беше близок со Кортни. Тој дури и неколкупати преноќуваше кај неа. Кортни смета дека двајцата би биле одлична двојка. Таа веќе неколку години е сама и време ѝ е за нов дечко, а Хари е идеален за неа“, открива извор близок до глумицата.

Тој додава дека и на Хари му се допаѓа Џенифер. Тој ѝ фрлил око уште кога ја гледал во серијата „Пријатели“ во улогата на Рејчел.

Scroll to Top