Џенифер Гарнер избрана за најубава жена во 2019 година

Холивудската актерка Џенифер Гарнер е прогласена за најубава жена за 2019 година, според изборот на магазинот People. Списанието секоја година го прави изборот за најуабава дама, а годинава изборот падна на Џенифер.

Поранешната сопруга на актерот Бен Афлек, која се најде на насловната страна на People, вели дека ја знае тајната за безвремената убавина.

„Веднаш откако ќе се вратам од некој настан или снимање, ми велат да ја тргнам шминката од лицето, да ја врзам косата и да ставам очила. Тоа е моето омилено издание и за мене тоа претставува комплимент“, вели Гарнер, која неодамна за магазинот Harper откри дека приватно не сака да носи шминка.

Џенифер е на прагот на петтата деценија, а вели дека за нејзиниот изглед, голема заслуга имаат и нејзините три деца Вајолет (13), Серафина (10) и Семјуел (7).

Џенифер вели дека оваа ласкава титула за најубава жена, ја изненадила премногу. Таа не се смета за премногу убава, ниту пак размислувала на тој начин за себе.

„Секогаш сум задоволна со себе си. Веројатно тоа е причината поради која многумина ме доживуваат за убава жена“, изјавила Џенифер.

„Кога дознав дека бев избрана за најубава жена, бев многу изненадена. Ми требаа неколку минути да ја прифатам ваквата ласкава титула“, изјавила Џенифер во краткото видео на „Инстаграм“.

„Поубаво и посреќно се чувствувам кога помалку се гледам во огледало“, додала Џенифер.

Поранешната сопруга на Бен Афлек вели дека е многу активна на социјалните мрежи, а особено на „Инстаграм“ да споделува рецепти. Пред шест месеци глумицата се разведе од нејзиниот колега Бен, со кого има три деца. Двајцата се разделија во 2015 година, а во брак биле од 2005 година.

Минатата година, за најубава жена во изборот на магазинот People беше избрана Пинк.

 

 

 

Scroll to Top