Џенифер Гарнер се сврши со бизнисменот Џон Милер и ќе прават свадба во семејниот двор

По разводот со Бен Афлек во 2018 година, американската глумица Џенифер Гарнер беше поврзувана со бизнисменот Џон Милер. Спред западните медиуми Гарнер и Милер, сега се свршени и планираат скромна венчавка и веселба во семејниот двор.

Главни гости, според изворот, ќе бидат трите деца на Џенифер од бракот со Афлек и двете деца на Џон од првиот брак.

Гарнер, инаку има одличен однос со Џенифер Лопез и сегашното семејство на Афлек и „тие сите – па и Бен, мислат дека Џон е совршен“ за ѕвездата од „Алијас“ и „Електра“, според наводите.

Инаку, според последните информации, Гарнер по скоро две децении, повторно ќе ја глуми суперхероината Електра, во филмот „Дедпул 3“ што ќе излезе вгодина. Таа оваа година е актуелна со ТВ-сериите „Последното што тој ми го кажа“ и „Крај на забавата“.

Scroll to Top