Џенифер Лопез беше само добро искуство, Алекс Родригез првпат проговори за бившата свршеница

Некогашниот бејзбол играч Алекс Родригез, првпат одговори на прашање поврзано со Џенифер Лопез, скоро две години откако ја раскинаа свршувачката. Тој гостуваше во емисијата „Кој зборува со Крис Валас“ на „Ејч-би-о макс“ каде што раскажуваше за својот приватен живот.

„Искрено, дали ти пречи што само неколку дена по раскинувањето таа беше видена со Бен Афлек и на крајот се омажи за него, а не за тебе“, го праша Валас.

„Прво, би сакал да кажам дека ми е мило што никогаш нема да бидам претседателски кандидат бидејќи тоа би ме убило.  Види, тоа со Џенифер беше добро искуство. И за неа и за нејзините деца кои се паметни, убави и прекрасни, им посакувам сѐ најдобро,“ рекол Родригез.

 

Родригез и Лопез раскинаа во април 2021 година по четири години врска, а набргу потоа таа пак почна врска со Бен Афлек, со кого сега е во брак.

Валас го праша поранешниот играч на „Јенки“ и дали е добар материјал за брак. Родригез, кој некогаш беше во брак со Синтија Скуртис, со која има две деца и се разведе, имал многу врски, меѓу кои и Мадона, Камерон Дијаз и Кејт Хадсон.

„Мислам дека кога ќе го погледнете мојот живот ќе се сетите дека кога имав 15 години, ‘Спортс илустрејтед’ ме нарекуваше најдобар играч во земјата. А во тоа време јас бев Алекс Родригез. И тогаш некаде патем, на 24 години добивам договор од 250 милиони долари и веројатно тогаш малку излегов од шините и станав А-Род. Мислам дека ќе бидам прекрасен партнер или сопруг и татко поради сите лекции што ги научив од моите најголеми грешки во животот“, му одговори Родригез, кој потсети беше суспендиран во 2014 година поради допинг.

Scroll to Top